Со увид на терен од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, означено е асфалтирањето на улицата „Ристо Бојмалиев“ во Негорци, во должина од 760 метри. Оваа улица, којашто е сообраќајна врска до населеното место Серменин, претходно беше сериозно оштетена, што го отежнуваше нормалното движење на локалното население. Со новата инфраструктура, сообраќајот ќе биде побезбеден и пофункционален.
Дополнително, во истото населено место, асфалтирани се партерот пред црквата „Св. Атанасиј Велики“ и дел од улицата „Мирко Делев“, како резултат на барањата од локалното население, по што локалната самоуправа постапи и ги реализираше потребните зафати.
– Ме радува фактот што Негорци прераснува во уредено, функционално и безбедно место за живеење. Со заеднички вложувања, чекор по чекор, создаваме подобри услови за живот во секое населено место од нашата општина- истакна градоначалникот Сарамандов по завршувањето на градежните активности за подобрување на патната инфраструктура во Негорци.



















