Градскиот детски хор „Божилак“ при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија ги повикува на аудиција дечињата од 9 до 13 години кои имаат желба за пеење, дружење и уметникување. Аудициите се одржуваат во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, во понеделник и четврток, во 18:30 часот. Членувањето во Градскиот детски хор е бесплатно, а преку пеење и музика се стекнуваат работни навики, тимска работа, се развива фантазијата за да се стекне креативно изразување и се учи дека со дисциплина и упорност може да се постигнат високи уметнички цели.
Работата на Градскиот детски хор „Божилак“ е поддржана од Општина Гевгелија.