Во Смоквица, бетонирани се нови улици и краци,
како дел од акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура во сите населени места. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид на изградените улици и оствари средба со месното население во Смоквица. Покрај изградбата на овие неколку улици, во разговорот со жителите, Сарамандов истакна дека во наредниот период локалната самоуправа ќе продолжи со инфраструктурни зафати за изградба и на преостанатите улици во Смоквица. Со цел, создавање подобри услови за граѓаните, најави продолжување на акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура и во останатите населени места.
Годинашната акција за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на локалните улици и патишта, покрај градот Гевгелија, ги опфати и населените места: Миравци, Петрово, Ново Конско, Мрзенци и Негорци, како и излетничките места Смрдлива Вода и Старо Конско.