Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со потпретседателот на Матурскиот одбор и директорот на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, Александар Делиџаков. На средбата, во име на сите матуранти, на Градоначалникот му беше врачена плакета, со што изразија благодарност за излегување во пресрет на барањата за матурската прослава. Сарамандов го изрази своето задоволство што локалната самоуправа ја продолжува добрата соработка со младите.
Имено, на последната 42. седница, Советот на Општина Гевгелија, по иницијатива на градоначалникот на општина Гевгелија, а на барање на матурантите, донесе Одлука од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година да се издвојат финансиски средства за матурската прослава на сите матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, со надеж дека ваквата поддршка од страна на Општина Гевгелија ќе продолжи и во иднина, прераснувајќи во традиција.