ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, во рамки на програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, ќе одржи Велигденски концерт. Утре (17 април 2025 година), на Велигденскиот концерт, во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, со изведби ќе се претстават учениците од Музичкиот оддел по пијано. Концертот ќе започне во 19:00 часот.