Ивана Чабулева, од кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за членови во Советот на Општина Гевгелија, е новиот член на Советот на Општина Гевгелија. На 46. седница, Советот на Општина Гевгелија ѝ го верифицираше мандатот на Чабулева согласно издаденото Уверение за избор на нов член од страна на Општинската изборна комисија- Гевгелија и по констатирањето за престанок на мандат на претходниот член на Советот на Општина Гевгелиија, Слаџана Стаменковска.
Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови го усвои Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за периодот 01.01. – 30.06. 2024 година (кумулатив). Покрај тоа, донесе Одлука од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година да бидат издвоени дополнителни средства во висина од 1.681.394 денари, потребни за реализација на Договорот за изведување градежни работи за доградба на Детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија. Исто така, се расправаше за давање согласност на Измените на Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2024 година и за Годишниот план за 2025 година.
Со донесена одлука, беше утврден и начинот на применување на минимален процент на зеленило во рамки на градежните парцели при изработка и спроведување на деталните урбанистички планови, урбанистичките планови за вон населено место, урбанистичките планови за села, урбанистичките планови за подрачја и градби од државно значење и урбанистичките проекти вон опфат на урбанистички план донесени по јануари 2018 година. Како и утврдување Измена и дополнување на Детален урбанистички план за блок 15 (дел 15.10), општина Гевгелија, плански период 2024-2029 година, донесување Детален урбанистички план за Урбан блок 15.11 (плански период 2022-2027 година), општина Гевгелијa и донесување Урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на ГП бр. 1.46, ГП бр. 1.46 А и ГП бр. 1.47 од ДУП за Блок 1 (1.1)- Централно градско подрачје, општина Гевгелија.
Советот, од страна на Одоборот за подигање на спомен-обележјето „Параклис посветен на Архангел Михаил“ беше информиран за извршување на Одлуката, односно за спроведувањето на Конкурсот за избор на идејно решение и избраното решение за подгање на Параклисот „Св. Архангел Михаил“, согласно законските одредби. Поради „Бела ноќ“, Советот го продолжи работното време на угостителските објекти за 2 часа, на 31.08. / 01.09.2024 година (сабота спроти недела).
Исто така, на 46. седница, се даде согласност за за формирање паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година, а беа усвоени и Годишните извештаи за работа за учебната 2023/2024 година, Годишните програми за работа за учебната 2024/2025 година и Годишните програми за изведување на екскурзии, излети и други вонучилишни активности за учебната 2024/2025 година на основните училишта.
Советот на Општина Гевгелија даде согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година, на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година и на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот од 01.01.2024 – 30.06.2024 година. Се донесе и Решение за разрешување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, номиниран од Министерството за труд и социјална политика.
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија го информираше Советот на Општина Гевгелија за состојбата и изграденоста на архитектонските бариери за лица со посебни потреби на подрачјето на општина Гевгелија.