Продолжуваат културно-уметничките настани со коишто се одбележува Општинскиот празник, 7 Ноември. Вечерва, во организација на НУ Музеј- Гевгелија, ќе биде отворањето на Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.
На Изложбата, со уметнички дела и скулптури ќе бидат застапени 16 ликовни уметници: Андриана Манчева, Александар Јанев, Aнамарија Митриќеска Кал’чева, Вангел Срнаков, Ана Петрова, Атанас Крстев, Јордан Јанев, Иван Кал’чев, Мирјана Крстева Массетти, Михаил Петров, Гордана Николовска Петрова, Перо Кованцалиев, Никола Бутров, Фиљо Танов, Драги Хаџи-Николов и Дамјан Ѓуров.