Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, Гевгелија ќе биде домаќин на Изложбата на дела создадени на 61. Меѓународна ликовна колонија 2024 година, што традиционално се реализира во Струмица.
Изложбата ќе се отвори на 29 јули 2025 година (вторник), во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, со почеток во 21:00 часот.
Националната установа Центар за култура „Антон Панов“- Струмица, ќе ја претстави оваа изложба во рамки на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, а љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да уживаат во дела од истакнати домашни и странски автори, создадени за време на оваа реномирана колонија.
Настанот се реализира во соработка со НУ Музеј- Гевгелија.
