По успешното минатогодишно, Прво издание на Фестивалот “Taste The South- ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија, Општина Гевгелија го најавува неговото второ издание.Овој пат, одржувањето ќе биде на паркингот на новиот пазар „Сава Михајлов“,во периодот 13 – 14 – 15 септември, 2024 година.
Вкусна домашна храна, пијалоци и специјалитети од југот на Македонија ќе бидат достапни за дегустирање низ богата културно-уметничка програма, за којашто дополнително ќе следат информации во наредните деновите.
Гевгелија се вклучува на мапата на фестивалски градови во Македонија, а фестивалот “Taste The South – ВКУСИ ГО ЈУГОТ” во Гевгелија веќе станува еден препознатлив бренд на градот со голема перспектива да биде традиционален и регионален.
Очекувајте добра забава и повелете во Гевгелија да го вкусите и доживеете југот.