Со свечена празнична атмосфера, музика и богата содржина, од денес (26 декември), на Градскиот плоштад во Гевгелија започнува Новогодишниот базар, кој ќе трае до 31 декември 2025 година. Настанот во организација на Општина Гевгелија, кој веќе традиционално го обединува празничниот дух, дружењето и локалната креативност, нуди разновидна програма наменета за сите генерации.
Новогодишниот базар ќе се одвива во знакот на музиката, забавата и детската радост, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата понуда од штандови со рачни изработки, локални производи, празнични слатки и други автентични производи од локални изложувачи.
Дневна забавна програма:
26 декември (петок)
од 17:30 часот – Дедо Мраз & Mystic Dance
27 декември (сабота)
од 12:30 часот – Школа за тапани
од 14:00 часот – Детски фестивал „Калинка“
од 18:00 часот – DJ Razal Vetali & DJ Licen
28 декември (недела)
од 14:00 часот – Face painting за деца
од 17:00 часот – Ансамбл „Бојмија“
29 декември (понеделник)
од 18:00 часот – Кристијан Бенито
(аниматор за деца и жонглер)
30 декември (вторник)
од 18:00 часот – Кристијан Бенито
(аниматор за деца и жонглер)
31 декември (среда)
Празнична музика – цел ден
Новогодишниот базар се одржува секој ден, од 26 до 31 декември, на локација Градски плоштад- Гевгелија, и претставува можност граѓаните и посетителите заедно да ја почувствуваат празничната магија и со позитивна енергија да ја дочекаат Новата 2026 година.



