Во Гевгелија, се одржа најголемата еко-акција „Генералка викенд“ ширум Македонија. Во организација на Општина Гевгелија, а во партнерство со „Мен Енд Маунтен“, „Пивара Скопје“ и „Пакомак“, беа исчистени повеќе локации во градот и атарите на населените места. Учество во акцијата зедоа: претставници на општинската администрација, ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија и голем број млади од СОУ „Јосиф Јосифовски“, Фондација „Аполонија“, „Гевгелија Точак Клуб“,
„Гевгелија Точак Клуб“ и доброволно пријавени граѓани, со што беа собрани големи количини отпад.
„Генералка викенд“ прераснува во традиција, имајќи предвид дека веќе четврта година по ред Гевгелија како општина е нејзин домаќин и покажувајќи дека граѓаните преку волонтерство имаат високоразвиена свест за здрава и чиста животна средина. За што, задоволството од организацијата и големото учество на граѓаните во спроведувањето на акцијата го изразија и стратешките партнери.
„Генералка викенд“, годинава, се спроведува во сите општини, а како еко-акција е поддржана од „Шпаркасе банка“, Нула отпад, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.