Вкупно 19 дела на 18 ликовни уметници од Гевгелија, утре (29 мај 2025 година), ќе бидат изложени во Уметничката галерија „Амам“. Одржувањето на Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија е традиционална и е во организација на НУ Музеј- Гевгелија, по повод Спасовден, со којашто културно се прославува заштитникот на градот и манастирската слава. Годинава е и дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025“.
ДЛУГ- во кој членуваат сите ликовни уметници без разлика на полето на изразување и возраста- ќе ги презентира избраните годишни остварувања на заедничка изложба. Друштвото се издигнува како еден од главните интелектуални и културни двигатели на гевгелиската културна сцена, внесувајќи разни видови на ликовни изразувања, нови содржини во своето дејнствување и повисоки ликовно-естетски норми.
