На 26 и 27 мај 2025 година, ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“, организира уникатен културен настан „Етно панаѓур“. Холот на Пионерскиот дом ќе биде трансформиран во автентичен изложбен салон, каде што посетителите ќе можат да уживаат во богатата поставка, но и да си купат рачно изработени грнчарски садови, украсни предмети и други уникатни творби од глина, создадени од вештите раце на вајар керамичар Гордана Николовска Петрова, Славица Бошковска и Менче Костадинова.
Покрај тоа, посетителите ќе можат да ги набљудуваат техниките на обликување глина и да дознаат повеќе за процесот на изработка на грнчарските производи и алатките што се користат во овој занает. „Етно панаѓурот“ ќе биде отворен во двата дена од 09:00 до 17:00 часот.
