Излезе од печат декемврискиот број на месечникот „Гевгелиски магазин“ кој донесува повеќе интересни и актуелни содржини. Весникот содржи опширни извештаи за изминатите Локални избори 2025 година и прославата на Денот на ослободувањето на Гевгелија- 7 Ноември.
Исто така, во „Гевгелиски магазин“ е опфатено интервјуто со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој повторно ја доби довербата од граѓаните за уште еден градоначалнички мандат и во него се осврнува на сработеното во изминатите 4 години, но и на идните планови и проекти за развој на општина Гевгелија.
108. број на „Гевгелиски магазин“ содржи богата културна хроника, со акцент на настаните од „Гевгелија град на културата за 2025 година“, се осврнува на Атлетската трка „November run 2025”, како и други прилози кои се однесуваат на културата, спорот, младите и, воопшто, животот во општина Гевгелија.
Електронска верзија: „Гевелиски магазин“ бр. 108



