ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија започнува со реализација на нов Проект „Гевгелиска свадба“. За таа цел, Домот објави повик за кастинг за статитиски коишто се потребни за филмувана реконструкција на традиционална свадба од градот Гевгелија. Како што е наведено во објавата, кастингот е наменет и за избор на младоженец и невеста. Потребни се 50 статисти од различни возрасти, над 6 години.
Заинтересираните кои сакаат да учествуваат во овој Проект, треба да се пријават во просториите на Народниот театар- Гевгелија, секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот. Кастингот е отворен од денеска (25 февруари 2025 година), а ќе трае сè до пополнувањето на потребниот број статисти.
