Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 51. седница, на којашто донесе повеќе одлуки и решенија. Имено, во Комисијата на Советот, за прашања на верификација на мандати беше именуван новиот член на Советот на Општина Гевгелија, Ангел Јованов. По опстојната расправа, со мнозинство гласови беше усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, за периодот 01.01. – 30.09.2024 година (кумулатив), како и донесен ребалансот на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, со негово зголемување за 2.391.861 денар.
Согласно ребалансот на Буџетот, беа усвоени и измените и дополнувањата на Буџетските програми за: уредување на градежното земјиште; изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици; активности во областа на еднакви можности на жените и мажите и финансирање програми и проекти од областа на културата за 2024 година. Во пресрет на донесувањето на новиот буџет, со одлука на Советот на Општина Гевгелија беше одобрен Планот на програми за развој на Општина Гевгелија за 2025 година. Притоа, на 51. седница, беа усвоени измените и дополнувањата на Финансовите планови на образовните институции, детската градинка и културните институции. Како, и дадена согласност на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација на работните места и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.
Советот на Општина Гевгелија го усвои Интегралниот развоен план на Општина Гевгелија, со важност 2024-2027 година, што локалната самоуправа во соработка со локалните институции и граѓанскиот сектор го креираше во рамки на Програмата „Зајакнување на општинските совети“. Што ја финансира Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува UNDP MK во соработка со национални и локални партнери. Исто така, беше прифатена и донација за изведба со градежни работи и техничка документација- Основен проект за изведба на втора фаза од канал „Рауљ“ со мост. Пред Советот на Општина Гевгелија, на последната седница, уследи Информација за хортикултурното уредување во општина Гевгелија.