Советот на Општина Гевгелија ја одржа својата 63. седница, на којашто донесе повеќе одлуки и решенија. Советот ги усвои измените и дополнувањата на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година. Во врска со имплементацијата на Програмата на Општина Гевгелија за одбележување значајни настани и личности со спомен-обележја, беа донесени одлуки за подигање биста на д-р Александар Сингер и Решение за Одбор којшто ќе го следи процесот на извршување на одлуката. Исто така, беа именувани претседател на членови на Комисијата за распределба на недвижен имот- простории во сопстеност на Општина Гевгелија без надоместок од страна на Здруженија на граѓани, фондации и сојузи со седиште во општина Гевгелија.
Од областа на урбанизмот, беа донесени Одлука за донесување техничка исправка во УПС Прдејци, општина Гевгелија (Одлука бр. 09-1864/1 од 24.07.2015) за ГП 3.2 И ГП 14.13, Одлука за определување ширина на крајбрежен појас на водотек, канал Рауљ во град Гевгелија за дел од ДУП за Блок 10 (10.5, општина Гевгелија и Одлука за определување крајбрежен појас на големи води на крак од канал Рауљ во границите на ГУП на град Гевгелија, Измени и дополнување за плански период од 2011-2021 год. (Одлука бр. 07-1436/1 од 16.07.2012 год.).
На 63. седница, пред членовите на Советот на Општина Гевгелија и јавноста беа изнесени и информации за состојбата со: постапување по барања за утврдување правен статус на бесправноизградени објекти во општина Гевгелиja, јавното осветлување во населените места во општина Гевгелија и општинскиот линиски превоз на патници во општина Гевгелија и информација за состојбата со авто-такси превозот на патници во општина Гевгелија. Покрај тоа, Советот на Општина Гевгелија даде согласност на Правилниците за систематизацијата и внатрешна организација на работните места во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.

