Проектот за селекција на комунален отпад што заеднички го реализираат ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и Општина Гевгелија, покрај во градот Гевгелија, продолжува да се имплементира и во другите населени места. За таа цел, се набавени нови 270 контејнери од 1.1 м3 и 300 канти од 120 л. за домаќинствата во Миравци и Негорци.
Како што истакна градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, при распределбата на урбаната опрема во Миравци и Негорци, секој граѓанин ќе добие можност за селекција на комуналниот отпад, со тоа што секој лично ќе придонесе во зачувувањето на животната средина и подобрувањето на условите за живот. За што, канти и контејнери за отпад ќе бидат распределени и во останатите населени места. Селектирањето опфаќа пластика, хартија и лименки.