Во рамки на „Гевгелиско културно лето 2024“, гевгеличани во два дена ги проследија филмовите под отворено небо од Европското патувачко кино. Беа емитувани: краткиот филм „Кутии“ во режија на Ангела Димеска, музичкиот документарен филм „Ефтеркланд: Македониум бенд“, филмот „Паднати Лисја“ во режија на Аки Каурисмаки и филмот „Имиња“ во режија на Јане Спасиќ. Ова Европско патувачко кино беше збогатен и со Концерт на бендот „Дактили“ од Струмица, како и разговор со Златко Ѓелески, филмски критичар и Ана Алексовска, продуцентка и режисерка.
Културното лето во Гевгелија, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, беше збогатено со проекција на нови европски долгометражни филмови – повеќето од нив добитници на престижни филмски награди ширум светот, кои се израз на европската креативност и разноликост и нудат по нешто за сечиј вкус, како и македонски кратки филмови, исто така, прикажувани и наградувани на различни филмски фестивали.