Од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година ќе бидат издвоени 333.333 денари, еднократна парична помош за семејството Брљамови од Гевгелија, на кое им изгоре куќата во пожар. Ваквата одлука ја донесе едногласно Советот на Општина Гевгелија, на последната 39. седница, по поднесената иницијатива од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ откако се случи немилиот настан во Гевгелија, во текот на неделава.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, реагираше за нивно времено сместување поради целосното опожарување на објектот. Во соработка со ОО Црвен крст- Гевгелија и останатите институции, се организира хуманитарна акција за снабдување на семејството со сите потребни ресурси, односно храна и средства за хигиена. Поставени се кутии за донации во супермаркетот „Кит Го“, кафе-баровите Daily, Barista и Time out и во тобаката „Лени и „Центар“.