На 10 јуни 2025 година, со почеток во 20:30 часот, на платото пред Народниот театар во Гевгелија, ќе се одржи Завршниот концерт на Секцијата по тапани, којашто функционира во рамки на културните активности на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија.
Секцијата работи под менторство на музичкиот педагог и тапанар Момчило Делев, а на концертот публиката ќе има можност да ужива во енергични ритми, креативни изведби и музичка посветеност на младите членови. Настанот се организира како дел од програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и претставува круна на целогодишната работа на Секцијата.
