Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија ја заокружи својата успешна работа во 2024 година со освоени уште 3 високи награди. „Мистик“ го освои подиумот во Ниш, во конкуренција од 1.148 учесника, на Меѓународниот танцов натпревар “Balkan Dance Unity”. Имено, со три златни пехари и медали се закитија јуниорите натпреварувајќи се во категоријата хипхоп формација и сениорите во категориите стрит и 2 стрит-шоу формација.
„Програмата по денс фитнес се состои од тренинг што користи чекори и движења од различни стилови, првенствено латино и урбани танци. За оваа пригода составивме триминутна кореографија на основа на урбани танци како би се вклопиле во категоријата стрит денс шоу. Групата беше високо мотивирана за овој проект и резултатот дојде последователно на секојдневните интензивни подготовки“- истакна кореографот и тренер Александар Аврамов.