Во Урбан блок 5 кај „Касарната“ во Гевгелија во тек се градежни активности за пробивање улици. При изведбата на градежните активности, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, направи увид во воведните работи. За реализацијата на овој проект, истакна:
– Бидејќи станува збор за пробивање нови улици, од страна на изведувачот, најпрво, беше извршено геодетско мерење на теренот за утврдување на трасата. Во наредниот период, согласно техничката документација, следува пробивање, тампонирање и поставување нови рабници. Изградбата на модерна патна инфраструктура за нас е од врвен приоритет, посебно во станбените блокови каде живеат голем број наши сограѓани.











