Утре (5 март 2024), традиционално, по 21. пат ќе се одржи поетско-музичката вечер „За тебе љубов моја 2024“ година. Во хотел „Аполонија“, по повод 8 Март, Денот на жената, учесници од Гевгелија ќе настапат со читање поезија и изведби на музички нумери посветени на жената и љубовта. Настанот ќе започне во 19:30 часот, а влезот е слободен.
Организатори на овaa манифестација, којашто пред две децении ја иницираа Слободанка Дуева и Ице Мурџев, се професорите по македонски јазик и литература, Даниела Џишева и Тони Аврамов. Кои за реализацијата на годинашната „За тебе љубов моја“, преку Здружението на граѓани „Од станица до граница“ добија финансиска поддршка од Општина Гевгелија во рамки на Програмата за култура за 2024 година.
Поезија ќе читаат: Тони Аврамов, Даниела Џишева, Катица Џишева Дупарова, Катерина Ичева, Петар Јанчев, Марија Џиџева, Бојан Aлексов, Светлана Стојковиќ, Каме Ќаев, Мери Олумчева, Јордан Aндов, Силвестер Проле, Љупка Урумова Проле, Бисерка Макревска, Розита Андонова, Ламбрина Лазаревска и Александра Ќаева. Во музичкиот дел ќе настапат: Јована Дупарова, Александар Стојанов, Ангелина Несторова, Ангела Зафирова, Ања Поп Костова, Слободанка Арнаудова, Стојанчо Картелов и Цветанка Атанасова.