Советот на Општина Гевгелија, на 19 септември 2025 година, ќе ја одржи својата 69. седница. За седницата, којашто ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
2. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работата на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
3. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
4. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работата на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
5. Предлог-Решение за давање согласност за зголемување на бројот на деца во групите на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025/2026 година,
6. Предлог-Решение за давање согласност на работното време во ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија,
7. Информација за состојбата со изграденоста на архитектонските бариери за лица со посебни потреби,
8. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија.