Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 68. седница, на 27 август 2025 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија. Седницата ќе започне во 10:30 часот, а за работа е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година (период 01.01 – 30.06.2025 година),
2. Предлог-Одлука за прифаќање согласност на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2026 година,
3. Предлог-Одлука за прифаќање донација од МПЦ- Охридска архиепископија Повардарска православна епархија Велес,
4. Предлог-Одлука за утврдување потреба за прифаќање на иницијатива од барател за изработка на Урбанистички проект (УП) (КП бр. 7584 КО Гевгелија),
5. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на Урбанистичко-планска документација за с. Ума (КП 1211 и КП 1212 КО Ума),
6. Предлог-Решение за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
7. Предлог-Одлука за определување Средно општинско училиште во кој ќе се формира Центар за поддршка на ученици со попреченост,
8. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот план за работата на ООО „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
9. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
10. Предлог-Решение за давање мислење на Годишната програма за екскурзии, излети и вонучилишни активности и други слободни активности на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
11. Предлог-Решение за давање согласност за формирање комбинирани паралелки во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
12. Предлог-Одлука за определување основно училиште во кое ќе се формира Центар за поддршка,
13. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
15. Предлог-Решение за давање мислење на Годишната програма за ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
16. Предлог-Решение за давање согласност за формирање комбинирани паралелки во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за учебна 2025/2026 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2024/2025 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2025/2026 година,
19. Предлог-Решение за давање мислење на Годишната програма за изведување екскурзии, излети и други вонучилишни активности на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебната 2025/2026 година,
20. Предлог-Решение за давање согласност за формирање комбинирани и паралелки со помал број ученици во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за учебна 2025/2026 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2024/2025 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2025/2026 година,
23.Предлог-Решение за давање мислење на Годишната програма за изведување екскурзии и други слободни активности на учениците од ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебната 2025/2026 година,
24.Предлог-Решение за давање согласност за формирање комбинирани и паралелки со помал број ученици во ООУ „Климент Охридски“- Миравци за учебна 2025/2026 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за учебната 2025/2026 година,
27. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2026 година,
28. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2026 година,
29. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2025 година, за период 01.01.2025 – 30.06.2025 година,
30. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2026 година,
31. Информација за состојбата со снабдување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија,
32. Информација за состојбата со хидрантската мрежа во општина Гевгелија,
33. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија.