Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, од вкупниот износ 862.341.548 денари е зголемен за 5.841.085 денари. Со измените и дополнувањата, усвоени на последната 66. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 868.182.633 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година уследи по зголемувањето на Основниот буџет за 3.583.535 денари, преку трансфери од други нивоа на власт и зголемување на буџетот на дотации за 2.257.520 денари.
Со измените и дополнувањата во Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 28.267.637 денари или 3,25%, додека капиталните расходи со 27,47% или 238.511.695 денари. Во Основниот буџет, капиталните приходи учествуваат со 6,15% или 28.267.637 денари, додека капиталните расходи учествуваат со 212.755.476 денари или 46,31% што е показател за задржување на развојната компонента на Општина Гевгелија.