Здружението на граѓани „ЕКО ЛАЈФ“- Гевгелија во соработка со ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија го имплементираат Проектот: „Изработка на сензорни реквизити за училишно сензорно игралиште“. Проектот се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2 за млади, којашто е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и е кофинансиран од Општина Гевгелија.
Имено, во периодот од 30.09.2024 до 10.10.2024 година се спроведуваше активноста за боење на железна ограда во училишниот двор, во должина од 10 метра и висина од 1,5 м., во разни бои, којашто ќе биде во склад со креативно-дизајнираниот училиштен двор и со сензорните композитни изработки. За реализација на оваа активност беа вклучени волонтери ученици од 8. и 9. одделение, менторирани од страна на лице ангажирано во рамки на Проектот.
Реализацијата на оваа иницијатива допринесува за создавање уникатно-уреден и функционален училиштен двор што ќе биде позитивен пример за сите млади од локалната заедница да се вклучат во разни локални активност, од кои придобивки ќе имаат самите млади во Општина Гевгелија.
Другите активности коишто ги опфаќаат изработките на сензорните реквизити за училишното сензорно игралиште се: дизајн и изработка на дрвени реквизити со нов материјал и со реупотреба на стар дрвен материјал , како и боење на истите, дизајн и изработка на пластични реквизити со нов материјал и со реупотреба на стари пластични цевки и боење на истите, боење на бетонска патека и ѕид, цртање мурал на ѕид, подготовка за свечено пуштање во употреба на игралиштето, промотивна забава на игралиштето со осмислени натпреварувачки игри со новите реквизити во паркоти пофалување на волонтерите и другите учесници.
Целта на Проектот е да се подигне свеста кај младите за значењето на доброволната активности, вклучувајќи се и помагајќи во уредување на сензорното игралиште што ќе им овозможи на децата поуспешно сензорно спознавање низ игра и забава, истовремено оплеменувајќи го просторот со многу боја, различно форми и текстури и визуелни симболи. Резултатите коишто сакаат да се постигнат се: уникатно и функционално сензорно игралиште што ќе биде пример за локалната заедница, успешна соработка, споделена одговорност и тимска работа на младите волонтери што се гледаат како дел од заедницата и учество во уредувањето на игралиштето, учење за градежни материјали, безбедност, дизајн и други аспекти, што ќе им помогне на волонтерите во личниот и професионален развој.