Вчерашното невреме (2 јули 2024 година) проследено со пороен дожд, град и ветар што ја зафати општина Гевгелија, предизвика сериозни штети, посебно на земјоделските посеви и култури во: Миравци, Милетково, Петрово, Габрово, Смоквица и Серменин, констатираше Општинската комисија за утврдување на висината на штетите од елементарни непогоди и други несреќи.
Се известуваат граѓаните- физички и правни лица дека од утре (4 јули 2024 година, работни денови од 08:00 до 16:00 часот) заклучно со 10 јули 2024 (среда) можат да пријавуваат штети во Општина Гевгелија со поднесување барање за утврдување на висината на штетите (за земјоделците со опис на видот на културата, број на насад и годината на садење). Во прилог на барањето, потребно е да се достави имотен лист или договор за закуп на земјиште или објект, копија од лична карта и трансакциска сметка.