На 13 мај 2025 година, во холот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, се одржа поетско-музичкиот настан „Изворник“ што беше посветен на роднокрајниот поет и професор по македонски јазик и литература, Илија Карајанов. Децата од Драмската секција, под менторство на Катица Џишева Дупарова, рецитираа 15 избрани песни од богатиот поетски опус на Карајанов. Секоја песна беше прегрната со нежните тонови на гитара, благодарение на децата кои членуваат во Секцијата за гитара, под менторство на Костадин Динев. Како и со придружбата на Јована Дупарова на клавинола. Овој настан беше збогатен и со настапот на Градскиот детски хор „Божилак“, под менторство на м-р диригент Илија Атанасов, којшто допололнително ги допре срцата на присутните.
Младите таленти преку зборот и музиката сведочеа за моќта на уметноста и оставија отпечаток во културната меморија на Гевгелија по повод манифестацијата „Град на култура 2025 година“.







