Во населеното место Мрзенци, во тек се градежни работи за изградба на нов фекален канализационен систем на улицата „Александар Бел“, со вкупна должина од 800 метри. Со реализацијата на овој инфраструктурен зафат ќе се обезбеди целосно покривање на улицата со систем за одведување на отпадни води, што претставува значаен чекор кон подобрување на комуналната инфраструктура во овој дел од населеното место.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во тековните градежни активности, при што беше констатирано дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика за реализација на Проектот. Како што информираше Сарамандов, по завршувањето на изградбата на фекалната канализација, предвидено е започнување и на изградба на нов водоснабдителен систем на оваа улица. Со реализацијата на овие зафати, жителите ќе добијат комплетно уредена комунална инфраструктура, која ќе овозможи поефикасно одведување на отпадните води, стабилно и квалитетно водоснабдување, како и подобрување на условите за живеење и урбан развој на овој дел од Мрзенци.
– Во наредниот период ќе продолжиме посветено да работиме на решавање на сите преостанати инфраструктурни пршања и во другите нови урбани блокови, со цел обезбедување подобри услови за живеење на сите граѓани- истакна градоначалникот Сарамандов.

















