По долги години, улицата „Ѓоко Тутушев“ во Гевгелија е целосно завршена со изградба на атмосферска и фекална канализација. По завршувањето на зафатите за комунална инфраструктура, улицата е покриена со нова асфалтна подлога.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во врска со изградбата на оваа улица изрази благодарност до сите жители кои беа трпеливи и секојдневно фунционираа во отежнати услови додека да се завршат сите фази од изградбата.
Притоа, нагласи дека во наредниот период, локалната самоуправа ќе продолжи со обнова на локалната патна мрежа на повеќе локации во градот и населените места.
Пред изградбата на „Ѓоко Тутушев“, по барање на повеќе жители, во населеното место Негорци беа спроведени градежни активности за изградба на повеќе улици и краци. Со нивната изградба, решени се долгогодишните проблеми што ги имаа граѓаните при одвивање на сообраќајот поради тешката пристапност на механизација.