Во прекрасна атмосфера помина првата Самостојна изложба на Стефани Брламова „Тишина во слики“. 15 дела од објективот на фотоапарот на Брламова ја разубавија клуб-галеријата во Народниот театар- Гевгелија, а на посетителите им беа рај за очите. Изложбата на фотографии на Брламова беше отворена на 14 април 2025 година и е дел од активностите во априлската програма за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, како дел од соработката помеѓу Europe House Струмица и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Останатите кои не ја посетија изложбата на отворањето, имаат можност да ја погледнат поставката во Народниот театар до 22 април, во работните денови, од 09:00 до 15:00 часот.








