Комисијата од Општина Гевгелија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните од општина Гевгелија за набавка на велисипеди и електрични тротинети во 2026 година ја информира јавноста дека предвидениот број за субвенции е исполнет.
Од објавувањето на Повикот (1 април 2026 година), заклучно со 8 април 2026 година, пристигнаа 100 барања од граѓани кои ги исполнуваат условите.
Во наредниот период ќе следи подготовка на решенија за исплата на субвенциите.


