И годинава, Општина Гевгелија ќе додели 5 стипендии на студенти запишани во прва година на Медицинските факултети во Република Македонија – отсек Општа медицина, за академската 2025/2026 година. Одлуката за доделување на стипендиите едногласно ја донесе Советот на Општина Гевгелија на својата 3. седница, како дел од мерките за поддршка на младите и за стимулирање на образованието во здравствената област.
За таа цел, Општина Гевгелија ќе распише Јавен конкурс за доделување на стипендиите. По спроведувањето на конкурсот и изборот на добитниците, согласно критериуми утврдени со правилник, средствата ќе им се исплатат во висина од по 6.000 денари месечно за период од 10 месеци во академската година. Исплатата ќе се изврши врз основа на склучен договор меѓу Општина Гевгелија и студентите, со што се овозможува поддршка за успешно следење на студиите и мотивирање на студентите за постигнување високи академски резултати.



