Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со државно признат сертификат да аплицираат до 20.10.2024 година.
Обуката ќе се спроведува преку Црвен крст на РСМ – Општинска организација Неготино, како верификуван провајдер на обуката.
Заинтересираните кандидати од Општина Гевгелија можат да се пријават во просториите на Општинска организација Црвен крст Гевгелија, на мејлот: gevgelija@redcross.org.mk или на телефонски број: 077 750 120 и 077 699 036.
Обуката за негуватели е сертифицирана и ќе биде со самофинансирање.
– да се државјани на Македонија;
– да имаат над 18 години;
– да имаат општо-физичка способност за работа;
– да имаат минимум завршено средно образование и
– да бидат мотивирани за работа со стари лица.