Во рамки на годинешната програма што ја одбележува Гевгелија како град на културата, утре- 10 јуни 2025 година, во 20:00 часот, во Концертната сала на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ќе се одржи целовечерен Концерт на трио „Долче“- “Pro Musica”. Публиката ќе има можност да ужива во изведби на дела од светски познати композитори како: Бетовен, Менделсон, Глинка и современиот македонски автор Томислав Таневски.
Концертот ќе го изведе истакнатото трио „Долче“, составено од реномирани музички уметници: Дарко Мариновски- пијано, Даниел Апостолов- фагот и Бранко Павловски- кларинет.

