Продолжуваат активностите на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија во рамки на програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година. На 5 јуни 2025 година, во Музичкото училиште, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи Концерт на учениците во класите по кларинет и флејта.
Младите уметници, под менторство на професорите Костадин Издушнов и Сузана Стефанова ќе се претстават со богат репертоар на класична музика, како дел од редовните настапи на учениците во Училиштето, негувајќи ја концертната практика за промоција на талентите и доближување на класичната музика до публиката.
