Во просториите на Општина Гевгелија, денес (4 декември 2025 година), се одржа координативна средба со претставници од институциите и невладиниот сектор од општина Гевгелија, во пресрет на втората масовна акција за пошумување под мотото „Да го вратиме зеленилото во Гевгелија“.
Средбата беше посветена на утврдување на сите организациски детали за успешно реализирање на акцијата што ќе се одржи на 7 декември 2025 година (недела), со почеток во 09:00 часот, на локацијата „Милош Брдо“ во село Негорци. И оваа година, под мотото „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“, ќе бидат засадени повеќе од 10.000 садници чемпрес.
Општина Гевгелија ги повикува сите граѓани масовно да се приклучат и заеднички да дадат придонес во обновување на дрвниот фонд и подобрување на животната средина во нашата општина.
Акцијата е организирана од Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, ЈП „Македонски шуми“- ПШС „Кожув“- Гевгелија и Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија. Истата има за цел да прерасне во традиција.










