Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија приреди вистински спектакл со одржувањето на двата концерта под едно име „Летно шоу“. Над 100 члена, од деца до млади со хип-хоп кореографиите подготвени од Александар Аврамов, а изведени на сцената во Народниот театар- Гевгелија, предизвикаа воодушевување кај публиката. Присутните на вториот концерт од летното шоу имаа можност да уживаат во двата настапа на Марија Ичкова, која како специјален гостин придонесе со нејзиниот волшебен глас танцовите перформанси да бидат потполни. Овации предизвика и приклучувањето на кореографот Аврамов во настапот на повозрасната група членови.
Всушност, летното шоу на „Мистик“ беше бис на работата во изминатиот период, со којашто Танцовото студио успешно се претстави на Фестивалите за модерни танци надвор од и во државата во сезоната 2023/2024 година, со голем број освоени награди и признанија.
Работата на Танцовото студио од Гевгелија е поддржана од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности за 2024 година.