За панаѓурот во Гевгелија, во рамки на културно-уметничката програма по повод Спасовден, на 12 јуни 2024 година, се одржа музичкиот хепенинг „Македонијо, во срце те носиме“. На Градскиот плоштад, во изведба на естрадни уметници и музика произведена од традиционалните инструменти, пред гевгеличани беа испеани и отсвирани современи аранжмани на патриотски песни.
Сузана Спасовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Миле Кузмановски, „ДНК“, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов, Андријана Јаневска, Мина Блажев, Ева Скендеровски, Марија Спасовска и Ламбе Алабаковски се претставија солистички со: „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриотиoти“, „Ми заплакало село Ваташа“…
Настапот на Сузана Спасовска со песната „Земјо моја“ беше кореографски збогатен со учеството на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, под менторство на Марија Граматикова.
Музичкиот карван „Македонијо, во срце те носиме“ е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање програми и проекти од областа на културата за 2024 година, активност којашто придонесе збогатување на четиридневната културно-уметничка програма за Патронот на Гевгелија- Спасовден 2024.