Во Негорци, за првпат се одржа Меморијален турнир во баскет 3х3, во чест на Димитар Туртуров- Мите Тути. Два дена, на спортското игралиште во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, се натпреваруваа 16 екипи. Победата на Меморијалниот турнир ја понесе екипата на „Фламинго“- Гевгелија.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, доби Благодарница од страна на организаторите за придонесот на локалната самоуправа и заложбата за реконструкција на спортското игралиште пред одржувањето на Tурнирот. Сарамандов им честиташе на младите ентузијасти од Негорци кои го организираа овој настан, којшто анимираше голем број млади кошаркари од Гевгелија и другите населени места.
Притоа, истакна дека големиот интерес за спортот кај младите е мотив на локалната самоуправа за постојано вложување во обезбедувањето модерна спортска инфраструктура. За што, во изминатиот период следеше акција за реконструкција на повеќе спортски терени со модерна тартан подлога, меѓу коишто и спортското игралиште во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци.