Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија го одбележуваат 25 Ноември- Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и почетокот на 16-дневниот активизам за борба против семејно насилство врз жените и родово базирано насилство (2024 година) со претставување на документарниот филм „Не биди моја приказна – Охрабри се!“ на социјалните медиуми и Youtube платформата.
Документарецот се реализираше преку Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023 година, а во соработка со ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, Адвокатската комора и Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, исто така, за одбележување на 16-дневниот активизам за борба против насилството врз жените.
Во филмот, учествуваат: жена- жртва на семејно насилство од Гевгелија, претставник од ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа- Гевгелија, психолог вработен во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност- Гевгелија, адвокат и членовите на Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
Целта на документарецот е да допре до сите возрасни категории- информира како да се препознае семејното насилство, каде треба да се пријави и зошто е важно да се пријави, но и да се намали оваа негативна појава преку вистински наратив и излагања на стручни лица кои се надлежни за постапување во случај на насилство.
Режијата е на Катица Џишева Дупарова.
Организацијата на Петар Јанчев, заменик-координатор за еднакви можности на жените и мажите во Општина Гевгелија.
Видео и монтажа: Васко Трајков.