Гевгеличани, во рамки
на „Гевгелиско културно лето“, ги очекува нов настан- Мултимедијален перформанс на Петар Џон, насловен COLOROGY. Настанот, со музичка поддршка од ди-џеј Мартчин, ќе се одржи на 2 септември 2023 година, на платото пред Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.
Мултимедијалниот перформанс на Петар Џон, Colorogy, e интерактивно и real time искуство, преку кое гледачите со своите движења ги менуваат проекциите. Colorology или Chromotheraphy е гранка во алтернативната медицина каде светлото се користи во форма на боја и на тој начин се постигнува баланс на енергетското ниво кај човекот. Посетителите ќе имаат можност да си играат со боите и на тој начин ќе може да видат како тоа влијае на средината и на самите нив. Овој мултимедијален перформанс ќе биде проследен со соодветна аудио- поддршка од страна на ди-џејот Мартчин.