Во Народниот театар- Гевгелија, на 12 декември 2024 година, ќе биде поставена мултимедијалната изложба „Време“ на гевгеличанецот Димитар Новаков. Станува збор за поставка со фотошоп дела. Организатор е ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија. Отворањето на изложбата е во 20:24 часот.