Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, на 16 април 2025 година, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата“, ја носи Надица Петрова со нејзиното stand up шоу „Нада/ Натчето/ Надето и уште некое работи плус“. Stand up комедијата ќе започне во 20:00 часот, а влезот чини 200 денари. Билетите ќе бидат пуштени во продажба од утре (14 април 2025 година), во Народниот театар- Гевгелија, во периодот од 08:00 до 15:00 часот и на самиот ден во истото работно време и пред почетокот на комедијата.
Станува збор за stand up, комбинација од „Која сум јас“, „Не се курчи“ и нешто плус, во продукција на независниот Театар „Златен Елец“ од Скопје.

