Во рамките на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 април 2025 година, ќе се одржи Фестивалот “Gevgelija Dens 2025” година, во организација на Танцовото студио „Мистик“ од Гевгелија. Натпреварувањето во повеќе возрасни категории и стилови: хипхоп, урбани танци, латино и модерен балет ќе започне во 10:00 часот, во спортската сала „26 Април“- Гевгелија. На 2. по ред “Gevgelija Dens” фестивал, се очекува учество да земаат 567 учесника.
Проектот е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за програми и проекти од областа на културата за 2025 година.
