Во рамките на годинешната културна програма „Гевгелија град на културата за 2025 година“, на 12 декември 2025 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Угостителската сала на СОУ „Јосиф Јосифовски“ ќе се одржи промоцијата на збирката поезија „Сонување (Метаморфози)“ од роднокрајната авторка Жаклина Атанасова. Атанасова е професор по Македонски јазик и литература во истото училиште, како и лектор по македонски јазик, а новото дело претставува значајно поетско надополнување на современата локална книжевна сцена.
За поетскиот израз и длабочината на делото ќе говорат проф. д-р Васил Тоциновски и м-р Стефан Марковски. Избрани стихови од збирката ќе интерпретираат Теодора Атанасова и Атанас Атанасов, а музичкиот дел ќе биде збогатен со настап на дуото-гитара Ѓорѓи Елбасановски и Стефан Лешев. Во музичката програма учествува и Градскиот мешан хор „Гортинија“, кој ќе изведе композициите „Locus Iste“ од Anton Brukner, „Ubi Caritas“ од Olga Gjeilo и „Dies Irae“ од Michael J. Trotta, под диригентство на м-р Илија Атанасов.
Љубителите на поезијата се поканети да присуствуваат на промоцијата на едно дело што носи интимност, метафоричност и препознатлив поетски отпечаток.





