На 16 јуни 2025 година (понеделник), во „Де Факто“- Гевгелија, со почеток во 10:00 часот, Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии- Гевгелија организира Регионален форум на заедницата за Југоисточниот Регион, којшто има за цел унапредување на капацитетите за спроведување на Зелената агенда на Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво.
Целта на Форумот е да иницира структурирана соработка помеѓу сите релевантни на чинители од Југоисточниот плански Регион за развој и имплементација на локални политики кои ќе го поддржат преминот кон одржливо земјоделство и паметно користење на земјиштето.
На тема „Одржливо земјоделство и користење на земјиштето – основа за зелена транзиција на Југоисточниот Регион“ ќе дискутираат претставници од: локалните самоуправи, институции, земјоделци, граѓански организации, млади, жени и други чинители кои имаат активна улога во обликување на локалните политики и практики поврзани со одржливо користење на природните ресурси.
Регионалниот форум се организира во рамките на Проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда на локално ниво“, кои го спроведуваат партнерите: Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион. Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада преку Програмата „Цивика Мобилитас“.
