Во чест на 24 Мај- Денот на сесловенските и македонските просветители „Св. Кирил и Методиј“, Гевгелиското Архиерејско намесништво организира дводневна празнична програма.
Имено, на 23 мај, чествувањето започнува со Акатист кон Св. Кирил и Методиј со петтолебие, со почеток во 18:00 часот. Истиот ден, ќе настапат и Градскиот детски хор „Божилак“, со почеток во 19:00 часот и Балетската група „Дива“, со почеток во 19:30 часот.
Наредниот ден (24 мај), ќе се отслужи Света литургија- Празнична утрена, со почеток во 08:30 часот, а во 10:30 часот ќе се благословуваат кумски колачи и ќе се изврши водосвет. Во 11:00 часот, ќе се одржи Литија со иконата Богородица „Цвет кој не венее“. Празничната програма ќе продолжи со настапите на Ансамбл „Македонија“, со почеток во 11:30 часот и Мандолинскиот оркестар „Полифонија“, со почеток во 12:30 часот. Програмата за чествување на Патронот на гевгелискиот Божји храм „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде затворена со послужување ручек, во 13:00 часот.